Категории

Сè што не сте знаеле за свинската маст

Свинската маст во минатото многу повеќе се користела. Сигурно вашите баби и мајки ви споделувале дека ја користеле за разни намени, па зошто нејзината употреба да не ја вратите и вие? Свинската маст не е нездрава, само треба да се користи во ограничени количини.

Што треба да знаете за свинската маст?

Начин на добивање

Свинската маст се добива на тој начин што масното ткиво се топи во врела вода и маста се собира на површината.

Исто така може да се добие и со тоа што масното ткиво ќе се топи со пржење, а од остатокот се прават популарните чварки. Растопената маст се прочистува и се остава да олади. Од брзината на ладењето на маста зависи и нејзината конзистенција која може да е од зрнеста или мазна текстура.

Основен состав и квалитет

Сè зависи од исхраната на свињата, како и начинот на кој се топат мастите. Свинската маст содржи 40% заситени масни киселини, од кои најзастапени се стеаринската и палмитинската, 50% мононезаситени масни киселини и 10% полинезаситени масни киселини.

Употреба

Традиционално, маста се мачка на леб со мелена пиперка или со шеќер, но се користи и за печење, пржење и секаков начин на готвење, бидејќи го заменува маслото.

s2

Не е нездрава

Митот за тоа дека свинската маст е нездрава одамна е побиен со бројни истражувања. Тајната е во умереноста, но и во урамнотеженоста која единствено може да се постигне ако со свинската маст при исхраната се користат и останати масти и масла.

Содржи холестерол

Холестеролот е клучен за низа метаболични процеси и синтеза на хормони и без него нашиот организам не може нормално да функционира. Меѓутоа, со внесувањето на намирниците богати со холестерол се подигнува произведувањето на холестеролот во организмот, па треба да се води сметка за умереноста.

Добар конзерванс

Овој вид на маснотија тешко се расипува и може да има долг век ако стои на темно и ладно место. Затоа во кулинарството се користи и за чување на печено месо, како некој вид замена за фрижидер.

Прегледи:
390
Објавено на:
10.11.2016