Официјалниот фотограф на Белата Куќа, Pete Souza ги открива неговите омилени фотографии на Претседателот Обама.
Изборот е навистина одличен и тотално се согласуваме со титулата „најкул претседател до сега“, бидејќи покрај сериозните и тешките моменти на претседателството, може да ја видиме неговата неверојатна харизма, забавен и насмеан, непосредноста која ја има со секој човек, а може да го видиме како грижлив татко и посветен сопруг.