Категории

Новата ода на љубовта: Џон Леџенд со семејството во спотот за „Love Me Now“

Џон Леџенд го објави видеозаписот за новата љубовна балада.

„Љубовта е универзална. На сите ни е потребна. Сите ние можеме да ја даваме. И на крајот, таа ќе победи над омразата. Морам да верувам во тоа“ – изјави славниот оскаровец.

Во спотот, 37-годишниот пејач ја гушка 7-месечната ќеркичка Луна, а потоа со сопругата Криси Тиген ја бакнуваат на образите.

„Love Me Now“ е првиот сингл од петтиот студиски албум на Џон „Darkness and Light“, кој ќе биде пуштен во продажба на 2 декември.

Прегледи:
407
Објавено на:
11.11.2016