Категории

Неколку корисни ефекти од семките од тиквата

Во овој период на годината тиквата е во центарот на нашето внимание па зошто тогаш да не ги искористиме сите здравствени бенефити од неа?

Освен што може да биде интересен украс и од неа се прави вкусно слатко и пити постојат уште тон нешта за кои тиквата е корисна.

Особено се корисни семките од тиквата без разлика дали ги грицкате или ги ставате во салата.

Затоа кога ќе ја приготвувате тиквата, немојте да го фрлате семето кое има неверојатни хранливи и медицински квалитети.

Еве само дел од нив:

1. Го зголемуваат имунитетот

Семките од тиквата содржат голема концентрација на цинк па затоа додавајте ги во супите, јогуртот, салатите или едноставно грицкајте ги и намалете ги шансите да закачите настинка.

2. Добри се за срцето

Овие семки се одличен извор на магнезиум што е одлично за нашето срце да функционира како треба.
Плус тоа магнезиумот им помага и на забите, коските, работата на цревата и ги опушта крвните садови и со самото тоа го регулира крвниот притисок и го намалува ризикот од инфаркт.

3. Помагаат побрзо да се залечите

Освен исклучителните прехранбени особини истражувањата покажуваат дека овие семки можат да помогнат и кај здравствените проблеми.
Тајната лежи во високата количина на протеини, витамини и минерали кои ги содржат, а кои помагаат при функционирањето и обновувањето на оштетените клетки.

4. Го одржуваат здравјето на простатата

Не само што содржат големо количество на цинк (кое е важно за здравјето на простатата) туку и екстрактите и маслото кои се прават од нив можат да ги спречат сите потенцијални опасности по здравјето на овој орган.

5. Го намалуваат стресот

Ако сакате да се смирите џвакајте семки од тиква. Полни се со состојки кои ја намалуваат анксиозноста и нервозата и ќе ве смират и опуштат.

Прегледи:
495
Објавено на:
13.11.2016