Љубовта е една од најубавите работи во животот, го поместува умот, ви ги менува емоциите, ве прави да бидете онакви какви што никогаш не сте биле. И тогаш на ред доаѓаат прашањата дали вашиот партнер е вистински? Дали сега е вистинското време? Да не е прерано? Конечно откријте зошто до сега ништо не ви успеа.
Ги уништувате добрите врски затоа што се плашите да се врзете
Престанете да бегате од личноста која ве сака.
Ги откачувате партнерите затоа што не се доволно лоши и возбудливи
Кога тогаш ќе дојде денот кога ќе сфатите дека токму него/неа сте го/ja чекале целиот свој живот.
Дозволувате паметот да ви го совлада срцето
Колку и да е важно да се вложите со чиста глава, таа може да ве уништи. Дозволете им на работите да течат. Не го попречувајте текот на љубовта заради тоа што имате чудни и необјаснети стравови.
Љубопитноста ја претворате во љубомора
Лајкот на Инстаграм и Фејсбук не е мерка за љубов. Љубопитноста за тоа што тој/таа прави во слободно време никогаш не треба да се претвори во аргумент за кавга.
Не сакате да се смирите заради мислата дека постојано можете да имате нешто свежо и ново
Верувајте дека пострашно е да се будите сами отколку со едната иста личност секое утро.
Прегорди сте
Со самото тоа што егото го носите секаде со себе, наместо да го оставите пред прагот на врската, си ја уништувате секоја шанса за успех.
Плановите за во иднина ви се поважни од сегашноста
Толку сте загрижени за заедничката иднина што заборавате една клучна работа, а тоа е сегашноста. Престанете да се грижите за она што допрва ве чека, може да го пропуштите она што ви е пред носот.
Си чувате резерва и покрај тоа што веќе најдовте некој кој е добар за вас
Нели знаете дека резервата е најголемиот предуслов за неуспешна љубов?
Дозволувате другите да ви го креираат мислењето