Категории

Нема повеќе бегање од полицијата – оваа направа ги стопира и најбрзите автомобили

Полицајците имаат некои возбудливи и ризични техники за запирање на возила во бегство, како што е ПИТ маневарот. ПИТ маневарот всушност претставува удирање на возилото во бегство странично, во задната страна од возилото за да го измести од баланс и возачот да ја изгуби контролата над возилото со цел да го запрат.

Но полициските потери по автомобили во бегство при големи брзини се многу опасни и ваквиот начин на запирање на автoмобил во бегство претставува голем ризик како за полицијата така и за луѓето во бегство. Полицијата конечно би можела да дојде до ефикасно решение благодарение на новиот изум наречен полициски фаќач (оригиналното име е „Grappler Police Bumper“).

Нејзиниот творец, компанијата Stock Enterprises, вели дека со ова се воспоставува нов стандард на потери при високи брзини. Овој изум изгледа како вистинска направа за некоја возбудлива емисија во живо на телевизија. На пронаоѓачот Leonard Stock му здосадило да гледа на телевизија како полицијата брка возила без никаква контрола и при огромни брзини загрозувајќи многу човечки животи, па затоа тој се одлучил да превземе нешто околу тоа.

„Grappler Police Bumper“ е интересна мала направа која што се закачува на предниот дел на полициското возило и ги стопира возилата во бегство безбедно и сигурно. Оваа направа исфрла мрежа на задното тркало на возилото во бегство, се обвива околу него и целосно ја запира оската да се врти, а гумата се уништува.

Кога полицијата доаѓа позади автомобилот во бегство, го притиска копчето за да излезе надвор овој уред, а потоа полека се приближува кон задниот дел на автомобилот со центарот на полицискиот автомобил во линија на едно од задните тркала на автомобилот во бегство.

Уникатниот дизајн на мрежата во форма на буквата „Y“ излегува од предниот дел на полициското возило и се маневрира кон задното тркало – се обвиткува околу него и тоа е тоа. Задните тркала на возилото повеќе не можат да вртат и после некое растојание возилото запира.

Доколку овој уред се додели на сите полициски служби, во тој случај криминалците ќе се фаќаат на многу пократко растојание, а потерите на големи брзини ќе станат минато.

Оваа направа е сеуште во фаза на тестирање и се чекаат некои финални тестови и одобрувања. А како функционира сето ова можете да погледнете на видеото подоле и да ни дадете ваш коментар што мислите во врска со ова.

Прегледи:
454
Објавено на:
16.11.2016