Признајте, малку ви се наежи кожата кога ја видовте сликата од човечко срце. Но што ако ви кажеме дека можете да го јадете?
Не се грижете, не мислевме на канибализам – сите слики што ќе ги видите подолу се направени од чоколадо! Овие необични чоколади се дело на професионалната скулпторка Сара Харди, и веќе многу луќе успеале да се излажат и да се преплашат кога мислеле дека во уста ставаат крастава жаба, а излегло дека е нешто многу повкусно. :)
Добро, не се баш за детски роденден, но сигурни сме дека овие бизарни чоколадни скулптури предизвикуваат измешани чуства на чудење и восхит каде и да бидат сервирани!