Категории

Македонец тегне кори за бурек со „еурокрем“ и со „плазма“

Иако на прв поглед делува чудно, но бурекот кој наместо со месо, спанаќ или со сирење е полнет со „еурокрем“ и со „плазма“, е вистински хит во Белград. Од пекарата каде што почна да се произведува, велат дека двевно продаваат и по 15 тепсии од овој благ бурек.

Газдарицата Мара (27) за новинарите на „Блиц“ раскажува дека сакала да внесе промени во својата пекара. Така и стигнала до идеата за слаткиот бурек, кој вели про го купувале само љубопитните тинејџери, но сега е баран од сите генерации.

Специјалитетот го подготвува бурек-мајстор од Македонија, кој работи целосно рачно – од месење, до развлекување на корите. Бурекот се прави без никакви адитиви.

Вкусот, според Мара, наликува на палачинки, а четвртина бурек кошта 150 динари (75 денари).

Прегледи:
361
Објавено на:
25.11.2016