Категории

Утрински навики кои можат да ви го продолжат животот

Утрото често знае да биде стресно и исполнето со нездрави навики. На тоа предупредуваат докторите кои направиле упатство за поубаво утро.

1f1e74e4ec2e9b1142308d7649593715

Дишете длабоко

После спиење, собата е полна со нечист воздух, дури и ако ви бил отворен прозорецот. Веднаш по станувањето отворете го прозорецот, извадете ја главата надвор, вдишувајте и издишувајте 10 минути. Би било добро самите да се потсетите дека сте здрави и среќни.

Ако наутро успеете да развиете позитивен став, во текот на денот ќе бидете отпорни на негативноста која сигурно ќе наиде на вас.

Појадок пред кафе

Можеби обожувате утринско кафе, но независно од тоа, ниту кафето ниту цигарите не би требало да ги конзумирате наутро пред да внесете нешто во вашиот желудник.

Протегнување

После спиење телото е опуштено и секое мало движење може да направи проблем. За да не ви се случи тоа по утринската хигиена задолжително направете вежби.

Туширање

Ако имате стресно утро и исполнето со нездрави навики, задолжително одете под туш, ќе се опуштите.

4a1a69cfdedcdf38236e047590688963

Телесни вежби

После протегнувањето, наградете го телото со вежби. Ако успеете да ги направите пред да ве притиснат обврските, сте завршиле прекрасна работа. Доволни се 15 минути.

Организација

Луѓето имаат најмногу проблеми со организација на времето. Целиот стрес настанува од брзањето и задоцнувањето. Тоа е нешто што можете да го избегнете, секако ако се организирате добро.

Настојувајте навечер пред спиење да направие план за утрешниот ден.

И, секако ќе ви биде потребно време да ги усвоите новите навики, но не се откажувајте. Се работи за навики од кои ќе бидете подобро расположени, активни, здрави и поубави.

Извор: Макфакс

Прегледи:
572
Објавено на:
28.11.2016