На сите ни е познато дека Дизни во последно време почна да прави филмски адаптации на своите славни цртани филмови, а компанијата најави дека наскоро би можеле да гледаме филм и за популарниот цртан филм “The Lion King”.
Но, изгледа дека овој филм ќе пристигне многу поради од што е очекувано, уште пред излегувањето на “The Jungle Book 2”.
Еден од главните луѓе кои ќе работат на овој проект, Џон Фавро, на својот Твитер профил напиша дека е возбуден за неговиот следен проект, мислејќи токму на “The Lion King”.
Роберт Легато, кој работеше заедно со Џон на “The Jungle Book” во едно интервју неодамна изјави дека тие ќе работат заедно и на “The Lion King”, а дека тоа е следен проект кој ќе го започнат.
“Веќе го започнавме планирањето и сите работи кои се поврзани со снимањето на The Jungle Book кои можеме да ги примениме и да ги измениме за снимањето на Lion King, кој ќе биде уште еден долгометражен филм”, изјави Легато.
Според информациите кои пристигнуваат од Дизни, филмот ќе вклучува дел од оригиналните песни кои беа хит уште кога цртаниот филм излезе во 1994 година.
https://www.youtube.com/watch?v=TsweiziqkaI#t=43