Категории

Ја сакале Сталоне, Шварценегер и Шон Пен: Некогаш најубавата жена на светот – денес изгледа непрепознатливо

Данската актерка и некогашен Плејбој модел, 53-годишната Бриџит Нилсен, им ги кршела срцата на холивудските заводници и важела за една од најубавите жени на светот. А како изгледа денес?

Се прославила со улогите во филмовите “Црвена Соња”, “Кобра”, “Роки” и “Полицаецот од Беверли Хилс”, и во 80-тите години од минатиот век била идеал за убавица – висока, слаба со облини на вистинските места, тесна половина и долги нозе, била сè што мажите сонуваат. Во “Црвена Соња” играла рамо до рамо со Арнолд Шварценегер, а од филмот “Роки” излегла со свршенички прстен кој ѝ го дал Силвестер Сталоне.

Бриџит неодамна рекла дека имала кратка сексуална афера со Шварценегер во времето на “Црвена Соња” и дека со неа ја изневерувал Марија Шрајвер со која подоцна се оженил.

 

#Herbritts #sylvesterstallone #briggitenielsen Long Island 1987

A photo posted by Mercantile London (@mercantilelondon) on

“Се чувствував како да сум му единствена. Тогаш сфатив дека е со Марија и се почувствував измамена. Можеби не би влегла во таа авантура доколку на почетокот ми кажеше: Ќе се оженам со Марија и тоа е многу сериозно”, рекла Бриџит.

Дека славната убавица била и тоа како посакувана сведочи и бројот на нејзините бракови од кои последниот траел повеќе од 2 години. Тука бил и Каспер Виндинг со кој минала само една година. Потоа речиси веднаш стапила во брак со Силвестер Сталоне, а од него се развела во 1987. година, по две години љубов. Направила пауза во времето кое го минувала со Шон Пен, а потоа во 1990. година стапила во брак со Себастијан Копленд. И тоа траело само две години, а потоа во нејзиниот живот влегол Раул Мејер со кој останала подолго – дури 12 години. Една година по разводот со него, се омажила со Матио Деси. Бриџит инаку велела дека Сталоне бил многу лош во кревет, и дека се чувствувала како да му е автомобил, а не жена. Исто така рекла дека од бракот излегла незадоволена.

Бриџит можела да има убава кариера, бидејќи стартувала одлично, но изгледа продуцентите и режисерите целосно заборавиле на неа, со оглед на тоа дека со години не добила значајна улога. Поради тоа завршила како учесничка во многу реални шоуа – се појавила во британскиот Голем брат, а учествувала и во едно германско реално шоу во кое пред камерите направила шест пластични операции. Денес води авторска емисија на германската “RTL”.

Долго се борела со зависност од алкохол, а тоа кулминирало во 2012. година, кога во медиуми се појавила нејзина фотографија од парк во Лос Анџелес. Таа пиела вотка директно од шишето, пушела и се клатела низ паркот. Денес, изгледа, успеала да се избори со тоа.

Бриџит денес изгледа многу поразлично, но треба да се земе во предвид дека минало многу време од периодот кога светот воздивнувал по неа. Денес е во среќен брак, ѝ е здрава и прилично успешна жена.

Прегледи:
411
Објавено на:
07.12.2016