Категории

Без криење и заобиколување: Ова е новото момче на Марјана Станојковска, а сите добро го знаете! (ФОТО)

Низ годините наназад многупати се пишувало за наводните момчиња на атрактивната ТВ водителка Марјана Станојковска, а во блиско време не е познато кој е оној што го освои нејзиното срце и дали воопшто има таков.

Но, можеби на овој љубовен период на Марјана му дојде крајот, затоа што без заобиколување пејачот Влатко Илиевски на Фејсбук објави дека и е момче, па од слободен статусот го промени во врска.

Почетоците на  Влатче и Марјана како водителска двојка пред камери беа одамна на естрадниот магазин „Бекстејџ“, а низ годините многупати се пишуваше дека освен пријателство во нив се крие и љубовен жар.

Влатко тогаш за ваквите нагодувања изјавуваше:

-Без Маријана не ми поминува ниту еден ден. Таа ми ги избира девојките и им наоѓа мани. Секогаш кога ќе излезам со некоја нова девојка, излегуваме во тројка. „Оваа не е за тебе. Има куси нозе, лоша насмевка, лошто е облечена“. Маријана за 20 секунди им наоѓа по некоја мана на девојките. Кога ќе ја прашам каква девојка ми треба, таа се опишува себеси и ми вели:„Ти треба некоја како мене“, изјави Влатко пред неколку години за еден портал.

Сепак, после новиот статус на Влатко на Фејсбук многумина нивни пријатели се израдуваа, и им порачаа дека дури и да се шегуваат, одлично им звучи тоа да е вистина.

Дали и овој пат ќе се покаже дека навистина нема пријателство меѓу маж и жена, останува да видиме…

Извор: Вистина.мк

Прегледи:
607
Објавено на:
08.12.2016