Убавата турска актерка Ебру Озкан која ја игра улогата на Дилара во „Парампарче“, ја запознавме како вистинска дама која особено внимава на угледот и статусот кој го има во општеството. Но, тоа е така според сценариото на популарната серија, од која имено Дилара или Ебру стекнува поголема популарност.
Ебру (38) своето филмско деби го има во 2006 година, подоцна игра во уште две турски серии, за во 2014 година да стекне интернационална популарност со „Пармапарче“.
Кога станува збор за изгледот, Ебру Озкан е вистински камелеон.
На социјалните мрежи може да се погледнат доста фотографии од пред неколку години, а на дел од нив ќе се зачудите колку поразлично изгледа.