Категории

Избрана е бојата која ќе ја одбележи 2017 година!

Зелена нијанса наречена „Greenery“ ќе доминира во претстојната година. Освежителна и ревитализирачка, оваа нијанса е симбол на нови почетоци.

„Знаеме во каков свет живееме: свет кој е стресен и многу напнат. Ова е бојата на надежта и на нашата врска со природата“ – изјави Леатрис Ајсмен, извршен директор во Pantone.

Бојата на годината која ја одредува Pantone има големо влијание не само во модната и козметичката, туку и во сите други гранки на индустријата. Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, а позната е по својот систем за стандардизација на боите.

 

Прегледи:
368
Ознаки:
· ·
Објавено на:
08.12.2016