Без струја во понеделник ќе бидат повеќе корисници во скопските населби Аеродром, Ѓорче Петров, Центар и Кисела Вода.
Имено, во понеделник од 9 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Видое Смилевски Бато“ 41, булеварот „АСНОМ“ 42, 34 и 38, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Волково под улицата „95“ и улицата „101“ во општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 8.30 до 11.30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и ООУ „Гоце Делчев“, улицата „Градски ѕид“ бр. 34, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Радњанска“ и дел од улицата „Антоније Грубиши“ во општина Центар.
Без струја од 9 до 14 часот утре ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Скупи“ под улици „3а“ и улицата „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Сава Ковачевиќ“ од број 41 до 59 во општина Кисела Вода.
Прекинот со електрична енергија е поради технички зафати во електричната мрежа.
Извор: Макфакс