Овој пат ви даваме предлог посна салата за престојните празнични трпези. Како мала промена од здодевното посно мени, ни доаѓа оваа крем салата, која речиси и не се разликува од вообичаено мрсните крем салати.
Потребни состојки:
- 2 конзерви од по 150 гр туна во масло
- 1 морков
- исечкани маслинки
- 4 лажици пченка од конзерва
- 4 лажици маринирани печурки
- 4 лажици замрзнат грашок
- 4 лажици посен мајонез
- 2 кисели краставички
- зачинето по вкус (сол, бибер)
Сварете ги морковот, исецкан на коцки, грашакот и макароните, во солена, зачинета вода. Исцедете ги и ставете ги да се оладат.
Ставете ги во сад, потоа додајте ја туната исцедена малку од маслото и останатиот зеленчук. Додајте го посниот мајонез, измешајте убаво и зачинете по желба. Салатата е спремна за сервирање.