Апликацијата Вибер во себе има мноштво корисни опции кои го олеснуваат допишувањето со пријателите и семејството, а една од нив е и можноста саканите конверзации да ги ставите на врвот на екранот, за секогаш да ви бидат при рака.
За оваа опција знаат мал број луѓе и ретко се користи, а е многу практична.
Се што е потребно да направите е да го задржите прстот на саканата конверзација во почетното мени, по што ќе ви се појави мени со опциите: „Избриши разговор“, „Закачи на врв“ и „Сокриј разговор“.
Одберете ја опцијата „Закачи на врв“, по што одбраната конверзација веднаш ќе се префрли на прво место.
Оваа опција засега постои само на Андроид верзијата на Вибер.