Категории

Адам Лабунски го маѓепса жирито на „Ѕвездите на Пинк“ со песна од Никола Бадев!

Адам Лабунски уште еднаш ја направи горда македонската публика на српското музичко шоу „Ѕвездите на Пинк“.

Во најновото издание кое се емитуваше вчеравечер, Адам го воодишеви жирито со изведбата на македонската народна песна „До три ми пушки пукнаа“ од доајенот на македонската изворна песна, Никола Бадев.

Иако Мирослав Илиќ имаше мали забелешки, според него за супериорното однесување на Адам кон другите учесници, во врска со вокална изведба пак, сите членови на жирито беа импресионирани и едногласни за најдобра и највисока оцена.

„Ти си машина“ и затоа не треба да дозволиш никакви пропусти, му кажа Илиќ.

Особено на Рада Манојловиќ и требаше време за да ги избере најласкавите зборови за нашиот претставник.

Прегледи:
501
Објавено на:
06.03.2016