Категории

Адам Лабунски се пласираше понатаму во “Пинковите ѕвезди”

– Јас само да те прашам, како е да се биде на твојата планета на совршени луѓе – беше коментарот на Рада Манојловиќ по настапот на нашиот Адам во последното издание на Ѕвездите на Пинк. Македонскиот учесник ги отпеа песните “Нека боли” од Пеџа Меденица и “Како после нас” од Саша Ковачевиќ и ги доби гласовите од жирито за влез во следниот круг од натпреварувањето.

По неговиот настап, Бора Чорба заклучи дека Лабунски е роден за на сцена, а женските членови на жирито, Цеца, Рада и Марина се согласија дека тој е секси и дека кокетира со женската публика.

1 2

Прегледи:
714
Објавено на:
20.04.2016