Категории

Адел урива рекорди: Една милијарда прегледи на YouTube за само три месеци

Британската пејачка Адел го собори рекордот по број на прегледи на нејзината нова песна „Hello“, на сајтот YouTube и тоа за неверојатно краток временски период од три месеци. 

Колку за потсетување, пред песната „Hello“, која прва стигна до магичната бројка од една милијарда прегледи, беше „Gangnam Style“ на јужнокоејскиот рапер Сај. Сепак, нему му требаше многу повеќе време да дојде до првата милијарда прегледи отколку на Адел.

Британската пејачка е добитничка на повеќе Греми награди, најпрестижната награда во музичката индустрија и Оскар за „Skyfall“ во категоријата за најдобра оригинална песна.

Прегледи:
490
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
21.01.2016