Категории

Адриана Лима го „покори“ Монте Карло во божествен розов фустан

Моделот изгледаше заносно во розовата тоалета со драги камења

Фондацијата на кнезот Алберт II од Монако организираше хуманитарна свеченост во Монте Карло посветена на Светскиот океан (системот на океанските води на Земјата), а на премиерата на присуствуваа на бројни познати личности што претставуваше празник за очите на модните фанатици.

Адриана Лима е вистински професионалец кога е во прашање модата, па ретко кога прави модни грешки. За оваа свеченост таа блесна во божествен розов фустан збогатен со драги камења и кристали и успеа да измами воздишки од сите присутни.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret изгледаше заносно во розовата сатенска тоалета со потписот на Ralph & Russo е од најновата есенска колекција, а целокупниот изглед го потполни со минимална шминка и сребрени сандали.