Категории

Адриана Лима го продаде станот во Њујорк за 3,3 милиони долари. Погледнете како изгледа!

Адриана Лима конечно успеала да го продаде луксузниот пентхаус во срцето на Њујорк, кој таа и Марко Јариќ го купија додека беа во брак.

Поранешниот брачен пар го купиле станот на Менхетен уште во 2003. година за два милиони долари. Овој пентхаус се простира на преку 200 квадрати, има две спални соби, два тоалети, огромна кујна.

Од дневната соба, која има прозори од под до плафон, се доловува фантастичниот поглед на Централ парк. Зградата во која се наоѓа станот има и фитнес центар, салон за масажа, базен, паркинг и ексклузивен ресторан кој можат да го користат само станарите.