Категории

Адвокатката која успеа да го улови најзгодниот модел во светот

Еден од најпознатите машки модели во светот, згодниот Дејвид Ганди, повторно е во врска, а неговата нова избраничка се вика Стефани Мендорос.

Откако дефинитивно ја прекина врската со пејачката Моли Кинг во јануари оваа година, синоокиот убавец најде утеха во Стефани, која работи како адвокатка.

Со неа е во врска од април, а парот во многу елегантно издание се појави на еден поло натпревар во Кодреј Парк, кој беше одржан минатиот викенд.

36 годишниот модел блесна во бела кошула и сиво сако, а секси изгледот го надополни со одлични наочари за сонце. Неговата поубава половина беше облечена во елегантен бел фустан.

q2

Претходно, Дејвид беше во врска со пејачката Моли Кинг, со која веќе еднаш раскина, но повторно и се врати во 2013 година. Откако конечно ја завршија врската, Ганди призна дека е голем перфекционист, поради што одржувањето на љубовна врска со него е вистински предизвик.

“Мојот префекционизам и тоа како ги отежнува работите. Знам дека мојата поранешна девојка се мачеше со тоа, бидејќи е тешко да се живее со нешто што не го разбираш. Но, за среќа знам да живеам и без тоа да се оправдувам некому зошто сум таков”, изјави Дејвид.

q3

q4

q5

q6

Прегледи:
624
Објавено на:
20.07.2016