Категории

Агинагалде шутираше за историја за Кјелце

Талант Душебаев го одведе Кјелце до првата европска титула, а за подвигот кој го направи неговиот тим ќе се зборува уште долго бидејќи во последната четвртина од мечот противникот Веспрем имаше предност од девет голови.

Големата драма во Келн донесе два гола во завршните секунди за продолженија, односно пенали, а изведувањето на седмерците беше последниот чин по кој ракометарите на Душебаев подобро се снајдоа. Промашувањата на Маргуч и Терзиќ го доведоа Агинагалде во последната серија да шутира за европска титула, а неговиот тренер едноставно не можеше да го гледа тој пенал.

Реализацијата значеше и почеток на славеничката ноќ, но и го направи шпанскиот стручњак втор тренер кој ја освоил титулата со два различни клуба.

Прегледи:
407
Објавено на:
30.05.2016