Категории

Ако често заборавате тоа е всушност знак на висока интелигенција

Ако сте едни од оние кои постојано ги забораваат секојдневните нешта кои обично луѓето ги паметат, сега е време да знаете дека можете да се гордеете со тоа. И ако се чувствувате како да не мора да знаете се, вашиот мозок се согласува со тоа.

Сеќавањето секогаш било перцепирано како најсилната ментална особина. Меѓутоа, истражувањата од универзитетот во Торонто покажуваат дека заборавањето е подеднакво важно како и памтењето.

Авторот на студијата, професор Блејк Ричардс, објаснува дека вистинската цел на меморијата е да го оптимизира донесувањето на одлуки. Мозокот го постигнува тоа така што ги филтрира безначајните детали и ги задржува нештата кои допринесуваат интелигентни одлуки во секојдневниот живот.

„Лошата меморија е всушност механизам на мозокот кој служи брзо да се направи простор за важни информации и да не се дозволува мозокот да троши енергија и простор во помнење на секојдневни безначајни информации.“

„Не сакате да заборават се и ако заборавате многу повеќе од што е нормално тоа може да биде причина за грижа. Но ако некој заборава секојдневни детали, тоа е веројатно знак дека вашиот систем на меморија е перфектно здрав и го прави точно она кое што треба да го прави.“ – вели Ричардс.

Прегледи:
540
Објавено на:
08.02.2020