Категории

Ако гушите со љубов, не покажувате дека сакате…

Ако саканата личност ја гушите со вашата љубов, не докажувате дека ја сакате. Наместо тоа покажувате знаци на несигурност и себичност.

Нема ништо лошо во покажување на љубов и внимание, но внимавајте да не ја преминете тенката линија помеѓу љубовен занес и опсесија.

Многумина велат дека причината поради која се однесуваат посесивно кон нивните најблиски е стравот да не ги изгубат. Но, вистината е дека, речиси секогаш, што повеќе ги задушувате луѓето со љубов и внимание тоа подалеку ги туркате.

Да сакате некого не значи дека постојано треба да бидете со нив. Љубовта треба да биде дарежливост и доверба. Ако не можете да ги понудите овие основи на вашиот партнер, можеби не сте подготвени да бидете во врска.

Никој не сака да ја изгуби својата слобода. Со премногу љубов се одзема слободата. Исто така целосно го занемарувате она што го сакате за себе. Не поставувајте го лицето кое го сакате во златен кафез. Нека имаат доволно слобода, а ако навистина треба да бидете заедно, ќе бидете заедно.

Опсесијата може да ја спречи вашата врска да се развива. Ова е особено важно кога станува збор за млади парови. Мора да си дадете можност и двајцата да бидете индивидуи. Исто така, треба да им дадете време на луѓето да ве прифатат во својот живот. Да се сака значи да се почитува. Не можете да ги принудувате луѓето да го живеат вашиот начин на живот. Почитувајте ја индивидуалноста на вашиот партнер и не го спречувајте неговиот или нејзиниот развој.

За градење на добра врска е потребно време и мора да запомните дека ако ги брзате работите или се обидувате да ја преземете контролата врз вашиот партнер вашата врска никогаш нема да опстане.

Секое човечко суштество има потреба да ги донесува своите сопствени одлуки. Ако се обидете да ги ограничите нивните избори само е прашање на време кога ќе почнат да се чувствуваат заробено.

Нема ништо лошо во споделување на вашиот пат со некој друг, но не ја гушете независноста на својата нова љубов.

Кога сте посесивни можете да изгледате како очајна личност, дури и кога не сте. Никој не сака да биде во врска со некој кој не може да застане на свои нозе. Бидете независни и докажете и на својата нова љубов, но и себеси дека можете да се справите со одговорноста која ја носи врската.

Колку и да го сакате партнерот и колку и да сакате да бидете со него цело време, не заборавајте дека премногу сакање може да ја убие љубовта.

Прегледи:
427
Објавено на:
07.05.2016