Категории

Ако имате многу пријатели, го намалувате ризикот од една болест: Еве како пријателството го чува вашето здравје

Постојат многу различни начини да се зачува мозочната активност на мозокот, но овој е најпродуктивниот!

Читањето книги, решавањето на загатки, крстозбор, судоку, сметање без дигитрон, физичка активност во форма на спорт и пешачење, сето ова се предуслови за одржување на меморијата. Сепак, еден од најважните начини за стимулирање на мозочната активност е социјализацијата.

Како луѓе, ние сме предодредени да живееме во друштва и да ги негуваме односите со други луѓе, така што целосната изолација не е пожелна опција. Всушност, интеракцијата со други луѓе ја стимулира функцијата на мозокот и е одлична вежба за зачувување на мозочните клетки.

Особено се пожелни вистинските пријателства затоа што тие го штитат не само емоционалното здравје, туку и здравјето на мозокот. Една неодамнешна студија на Медицинскиот факултет во Харвард откри дека луѓето со богат социјален живот многу помалку страдаат од губење на меморијата.

Збогатете го вашиот живот со нови луѓе и врски – волонтирајте, станете член на некој клуб или здружение и уживајте секој ден.

Прегледи:
629
Објавено на:
11.01.2020