Категории

Ако отсекогаш сте се прашувале за што ли служи оваа закачалка на кошулите – ние го имаме одговорот!

Веројатно сте забележале дека на задната страна на поголемиот дел од машките, а и добар дел од женските кошули се наоѓа една закачалка од истиот материјал.

И таа наизглед личи како да не служи за ништо. Но таа е осмислена со многу добра причина!

Целата приказна започнува во 60-те години на минатиот век, кога овие закачалки биле осмислени како мажите би можеле да ги закачуваат кошулите во ормарот додека се во теретана, а за тие да не се изгужваат. За мажите ова претставувало вистинско откритие, бидејќи порано морале да ги диплат, после што секогаш останувале изгужвани линии.

Меѓутоа, нештата тргнале во надолна линија кога девојките започнале да ги влечат момците токму за тие закачалки и да ги кинат. А нештата се влошиле до тој степен што во Америка во текот на 70-те години овие закачалки се користеле како што денес се користи статус на врска на Facebook – жените на своите мажи им ги сечеле куките за да се знае дека се зафатени.

Денес, секако, оваа закачалка нема никаква поента, бидејќи имаме закачалки, но и поголемиот дел од мажите ги закачуваат за крагната.

Но, токму како и оној мал џеб на фармерките, останале како потсетник на минатите денови.

kosula-zakacalka-interesno-supermen-moda-02

Сепак, сè уште има мажи коишто оваа закачалка правилно ја употребуваат, бидејќи на тој начин се намалува уништувањето на крагната. Па затоа, следниот пат употребете ја оваа закачалка на правилниот начин.

Прегледи:
600
Објавено на:
25.07.2016