Категории

Ако размислувате каде да отпатувате за викенд, ова се 10. најевтини европски градови!

Британскиот магазин Post Office објавил листа на најевтините градови во Европа во кои највеќе се исплати да одите за викенд. Најповолни се главниот град на Литванија, Вилнус и српската престолнина Белград.

Критериумите според кои стручњаците ја правеле листата се типичните туристички трошоци – од пијалаци, две вечери за двајца со вино, сместување во хотел со три ѕвезди и превоз.

Во однос на минатата година, Вилнус, Варшава, Москва и Прага се поевтини, а за патување во Венеција и Амстердам ќе мора да подготвите повеќе пари од претходно.

Љубителите на пиво треба да земат в предвид дека пивото во Прага е десет пати поевтино отколку во Осло. Најскапиот град во Европа е главниот град на Исланд – Рејкјавик!

А ова е листата на најевтините градови во Европа:

1. Вилнус

2. Белград

3. Варшава

4. Истанбул

5. Букурешт

6. Порто

7. Рига

8. Братислава

9. Москва

10. Прага

Прегледи:
602
Објавено на:
09.04.2019