Категории

Ако сакате да ослабете, направете леб од овесни снегулки: Брзо и едноставно-без брашно, без квасец!

Рецепт за леб од овесни снегулки – без брашно, без квасец, нема месење! Идеален за слабеење! Овој леб е богат со протеини бидејќи содржи јајца, но и пробиотици бидејќи една од основните состојки е јогуртот. Ова е рецептот!

 

Состојки:

  • 250 г овесни снегулки
  • 2 јајца
  • 300 мл грчки јогурт или кисело млеко
  • 2 лажички сол
  • 2 дланки исечкани ореви
  • 1 прашок за пециво
  • сол

Подготовка:

Во сад ставете ги овесните снегулки, па додадете 2 јајца. Мешајте рачно додека не добиете единствена смеса. Додадете го јогуртот или киселото млеко во смесата, па промешајте. Додадете прашок за пециво и ореви, па сѐ измешајте додека не се соедини. Можете и да го посолите тестото, по желба. Плехот во кој ќе го печете лебот обложете го со хартија за печење и ставете малку масло. Рамномерно распоредете ја смесата, печете околу 45 минути на 180 степени. Печениот леб оставете го малку да отстои, па исечете го на кришки и уживајте во вкусот на здравиот леб.

Прегледи:
2125
Објавено на:
19.10.2021