Многу голем број на луѓе не умеат да се смеат. Всушност, не станува збор за умеење. Тоа е дарба која не може да се научи. Ќе ја научиш само ако самиот себеси се превоспиташ, ако се развиваш кон подобро и ги совладаш лошите инстинкти на својот карактер.
За смеа пред сѐ е потребна искреност, а зарем има искреност кај луѓето? За смеење е потребно да не сте злобни, а луѓето најлесно се смеат пакосно! Искрена и добра насмевка значи радост, а зарем има кај луѓето во денешно време радост и умеат ли да бидат весели?
Радоста кај човекот е неговата највидлива црта, која најмногу го открива. За да запознаете еден карактер потребно е долго време, но штом ќе се насмее човекот барем еднаш сосема искрено, ќе ви го покаже целиот карактер како на дланка.
Само човекот со многу висок и среќен развој знае да биде весел и да ги зарази другите бидејќи е неодоливо и добродушно весел. Не говорам за неговиот развој, туку за карактерот, за целиот човек.
На тој начин, ако сакате да го процените човекот и да ја запознаете неговата душа, не го набљудувајте како молчи или како говори или како плаче, туку погледнете како се смее. Ако се смее добро, ќе знаете дека тоа е добар човек.
Фјодор Достоевски