Категории

Ако се прашуваш дали вредело скршеното срце?

Ако се прашувал дали сакањето некого било вредно, прашај се себеси следното..
Ако можеш да се вратиш назад во времето, ако можеш да го направиш сето ова од почеток, дали би го сторил тоа?
Дали би ја избрал таа личност, дали би ја избрал таа надеж знаејќи дека исто така ја избираш и болката?

Знаејќи дека во еден момент, ќе мораш да го преживуваш тоа што ќе ја загубиш, ќе мораш да живееш со недостигањето?
Би ризикувал ли повторно поради таа личност? Би се вљубил ли повторно?
Би седел ли до изгрејсонце со таа личност како ноќта кога си ја запознал и би дозволил ли да паднеш повторно? Дали би простил, би верувал, дали сеуште би ги создал тие спомени, дали сеуште би ја угостил во своето срце?

Гледаш? – Ако одговорот е  Не, тогаш можеби она кое што си го имал не било љубов, можеби било само лекција.
Можеби можеш да пронајдеш смисла во тоа.

Но ако одговорот е Да – тогаш немој да се мислиш нити секунда дека не било вредно.
Немој да го правиш помалку убаво во твојот ум, немој да го претвораш во нешто за кое сакаш да се каеш.

Ако би сакал да го сториш сето тоа повторно, ако и покрај се би ги избрал тие неколку часа, месеци, години поминати заедно и покрај загубата која те уништува, тогаш ти си имал нешто кое малкумина од луѓето успеале да го имаат во овој живот.
Ти си имал нешто за кое вредело да се бориш, и немој никогаш да го заборавиш тоа.

Прегледи:
559
Објавено на:
09.10.2020