Категории

Ако тој сака да биде со вас ништо нема да го спречи

Никого не можеме да го натераме да не сака, дури и ако му е јасно колку вредиме како личност, сепак тој не може да се вљуби ако нема хемија.

Во случај ако ве оставил, а вие сте оптимистична дека ќе се смирите, престанете да се лажете и прашајте го отворено.

# Прашајте го директно…ако решите да го прашате конкретно и директно бидете подготвена и на можноста дека ќе добиете одговор кој нема да ви се допадне.

Иако вистината е непријатна таа е секогаш лековита.

Прашајте го дали да го чекате и слушнете го тоа што ќе ви го каже без сама да ги толкувате неговите зборови. Слушнете го тоа што оди по НО…

Кога ќе ви каже дека сте супер НО дека заслужувате многу повеќе, значи дека не е во состојба да одговори на вашите чувства и дека не сака да ви дава лажна надеж. Сето она што е кажано пред НО е само разубавен вовед на одговорот кој го барате.

# Престанете да го чекате…немојте да си мислите дека ќе се промени, ќе сфати дека сте највредното нешто што го имал.

Што ако сте се гледале од време на време на ваше инсистирање, воделе љубов или пиеле кафе? И сама знаете дека тоа не е врска.

Ако сте требале да бидете заедно немало ни да раскинете.

# Престанете другите да ги споредувате со него…има многу подобри од него за вас кои не ги ни забележувате.

Ако другите ги споредувате со него, нема никаде да стигнете. Само се доведувате во опасност да почнете да го сметате за многу подобар од што навистина е.
Можеби тој бил вашето најдобро момче, но тоа повеќе не е важно. Било па поминало, да вредело ќе потраело.

# Немојте да се омаловажувате поради него…да бевте ваква или онаква е бесмислено да се преиспитувате.

Таква сте каква што сте и ако некој ве сака треба да ве прифати целоно, да ви се радува и воодушевува. Помалку од тоа не треба да прифатите.

# Поставете си директни прашања на сама себе…да речеме дали вие би биле со некој со кој не сакате да бидете.

Да речеме симпатичен е но неговата желба да ви се допадне всушност кај вас предизвикува сожалување? Дали со некој таков би влегле во сериозна врска иако не чувствувате никаква хемија ниту ви летаат пеперутки во стомакот?

И на крајот на краевите, дали можете да засакате некого само затоа што ви изгледа дека тој тоа го заслужува?

Размислете и ќе сфатите дека тоа не оди така. Оставете го минатото и погледнете пред вас, никогаш не знаете што ве чека на следниот агол.

Прегледи:
419
Објавено на:
12.04.2016