Категории

Ако вака размислувате никогаш нема да станете богати!

Многумина сонуваат да добијат на лото и да имаат милиони на сметка, но ретко на кој му се исполнува овој сон.

За да се збогатите, не треба да чекате парите да ви паднат од небо. Потребно е да се потрудите, понекогаш и да ризикувате за да ви се исплати трудот.

Стив Сиболф, автор кој ги проучува богаташите, составил листа од неколку знаци кои покажуваат зошто не може да се збогатите. Погледнете кои се тие и потрудете се да ги промените:

Ставате преголем акцент на штедењето

Штедењето е клучно за вашите идни милиони на сметката, но немојте премногу да се фокусирате на неа. Мора да заработувате и постојано да смислувате нови начини за да заработувате уште. Ако сакате да размислувате како милионер, престанете да се грижите за парите и сконцентрирајте се на тоа како да заработите повеќе.

Не сте почнале да вложувате

Еден од највлијателните начини за да заработите повеќе пари со тек на време е вложувањето. Што побрзо почнете, тоа подобро. Во просек, милионерите вложуваат 20% од своите приходи.

Задоволни сте со редовната плата

Просечните луѓе сакаат да им се плаќа секој месец во одредено време, но богатите луѓе знаат дека платата се темели врз резултатите. Исто така, истражувањата на Стив покажуваат дека самовработувањето е најбрз пат до богатство.

Купувате работи кои не можете да си ги дозволите

Ако живеете над своите можности, никогаш нема да бидете богати. Дури и ако почнете да заработувате или да добиете зголемување на платата, не користете го тоа како оправдување за поголема потрошувачка.

Ги следите туѓите соништа, а не своите

Ако сакате да сте успешни, мора да го сакате она што го работите. Премногу луѓе прават грешка и го ловат туѓиот сон што ги прави незадоволни. Пронајдете ја својата страст и ќе бидете ем посреќни ем поуспешни.

Се држите до својата сигурна зона

Ако сакате да заработите богатство, морате да се навикнете на неизвесност и непријатност. Физичкиот, психолошкиот и емоционалниот комфор е примарна цел на средната класа. За да постигнете повеќе, излезете од сигурната зона и ризикувајте.

Немате цел

Парите нема само така да се појават, мора да работите на тоа. Битно е да имате јасна и конкретна цел пред формирање на финансиски план за постигнување на таа цел. Потребен е фокус, храброст, знаење и многу труд за да станете милионер.

Прво ги плаќате другите, па после себе

Ако сакате да сте богати, мора прво да се платите себеси. Ставете се на прво место и од платите автоматски издвојувајте барем 10% од износот, кој ќе оди директно во заштедата.

Мислите дека збогатувањето е над вашите достигнувања

Морате да си поставите големи очекувања. Верувајте во себе. Ако не верувате во себе, нема ни другите да веруваат во вас.

Прегледи:
346
Објавено на:
10.05.2016