Категории

Ако вашиот партнер покажува некои од овие знаци – Тој НЕ е подготвен за врска

Ставете крај што побргу

Ако вашиот инстинкт ви вели дека нешто не е во ред со вашето сегашно момче, можеби треба да го послушате
Новите врски можат да бидат прилично збунувачки, особено ако личноста не ја познавате од порано. Ако вашиот дечко покажува некои од овие знаци, тоа значи дека тој не е подготвен за сериозна врска.

Вие му сте прва девојка
Ви открил дека се до врската со вас имал само авантури и вие му сте прва девојка со која во врска. Можеби звучи пријатно и ласкаво, меѓутоа тоа не значи дека тој набрзо ќе се предомисли и нема да им се врати на минливите авантури. Исто така, можно е да не знае како се однесува личност која е во врска и која не е.

Неговите пријатели не се добри личности
Понекогаш пријателите многу зборуваат за личноста. Иако тој не мора да биде ист како нив, тука се стапува прашањето: Зошто тогаш тој се дружи со нив? Ако се во прашање невработени кои постојано ги поминуваат деновите разговарајќи за небитни нешта, тој веројатно ужива во тоа. Запрашајте се повторно дали тој е личност со која сакате да го поминете остатокот од својот живот?

Неодговорен е и непристоен
Ова не треба нити да се објаснува детално. Кој сака да биде во врска со личност која не ги почитува другите, не се грижи за својот живот а знае да плука по туѓиот?

Никогаш нема пари
Никој не вели дека идеалниот маж мора да има гастрономска сума на сметката. Но личноста која не знае да располага со пари припаѓа во средно училиште а не во светот на возрасните. Вие можете да најдете многу подобар од него.

Прегледи:
480
Објавено на:
18.02.2020