Категории

Ако ви дојде мачка на врата и не сака да си оди: Еве што значи!

Во различни култури постојат повеќе значења и симболи поврзани со доаѓањето на мачките:

1. Во Индија се верува дека доколку ви дојде дома мачка, наскоро ќе има венчавка или ве чека проширување на семејството.

2. Личноста која ја избрала оваа мачка наскоро може да очекува среќни промени во животот

3. Се сметало дека посвоеното маче го штити семејството од неповолна енергија.

4. Трудна мачка на куќниот праг е и тест и добар знак. Таа нема да дојде во дом каде што владее енергетски хаос, туку ги привлекуваат места со позитивна енергија. Нејзиното појавување на куќниот праг укажува дека ве чека среќа, успех и благосостојба, а особено ако се погрижите за мачињата.

5. Мачката која се појавува на куќниот праг со мачиња претставува подобрување на финансиската состојба. За да се оствари овој предзнак, сите мачки треба да бидат ставени во добри раце, а една може да задржите и за себе.

Mačka, Mače

6. Мачката која ќе залута во куќа на осамена личност може да укаже на средба со сродната душа, но и напредување во кариерата за оние кои започнале нова работа.

Според старите верувања, исто така и бојата на мачкатаа има посебно енергетско значење:

1. Црната мачка укажува дека во блиска иднина може да очекувате добри вести, треба да се случи нешто неочекувано и пријатно. Заблуда е дека црните мачки се симбол на негативноста, бидејќи тие привлекуваат среќа во домот.

2. Снежно белата мачка носи финансиска благосостојба, успех на сите полиња и витална енергија.

3. Портокаловата мачка укажува на промена на професијата или унпредување. Привлекува нови пријатели и носи љубов, како и заштита од финансиски проблеми.

4. Сивата мачка е симбол на взаемна љубов, а укажува и на нова врска или зајакнување и на оние кои веќе постојат. Кога доаѓа на куќниот праг се смета дека штити од луѓе кои зрачат со негативна енергија.

5. Тробојната мачка е симбол на доброто расположение, чувство на среќа, емотивен напредок и животна лекција. Според верувањата не треба да ја избркате или навредите бидејќи тоа укажува на неповолна ситуација.

Прегледи:
2508
Објавено на:
29.09.2021