Категории

Актерка ги намали градите со операција и сега ужива на плажа на Бахамите

Младата ѕвезда на Modern Family, Ариел Винтер (18), многупати изјави дека се чуствува непријатно заради нејзиното тело, само заради големината на нејзините гради. Од тие причини таа најави дека ќе прави операција за намалување на градниот кош, а тоа и го сторила. 

Првите пост оперативни фотографии кои испловија на површина се од убавиот одмор кој го има младата Ариел со нејзиното момче и пријателите на Бахамите. Може да се забележи дека таа се чуствува одлично во нејзиното тело и се надеваме дека конечно е среќна со нејзиното деколте.

Таа изјави дека не се работи дека не го сака своето тело, туку станала несреќна и се чуствувала непријатно. Вели „Жените се повеќе се гледаат како објект, а моето тело, уште како многу млада се оформи целосно. Имав 13, 14 години, а изгледав како да имам 19 години. Одеднаш луѓето не сакаа да зборуваат за мојата кариера и работа, туку за моето деколте.“

Ова е тоа што и направило на оваа млада девојка да се чуствува непријатно. Јавноста премногу се фокусира на надворешниот изглед и постојано опсервира, критикува и коментира, на што најчесто подлежат жените, за разлика од мажите. Ова е и причината што Ариел се одлучила за операција, бидејќи пред се и патело психичкото здравје, се надеваме дека сега се чуствува одлично.

Прегледи:
451
Објавено на:
06.04.2016