Категории

Al Jazeera Balkans со видео за хуманоста и концептот на Црвен крст и продавницата „Копче“

„Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски пирмања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

Црвениот крст на град Скопје собира повеќе од 20 тона облека на годишно ниво. Со создавањето на „Копче“ специјалната продавница за половна роба, минатата година донираната гардероба пораснала за уште 50%. Продавницата „Копче“ помага на повеќе од 2.000 загрозени личности, а дел од нив се вклучени и во работниот процес.

Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените. Добронамерноста и хуманоста во целиот проект ја забележаа и  Al Jazeera Balkans осврнувајќи се концептот на Копче и неговото влијание врз општеството.