Алек Болдвин (68) застрела една жена од пиштол реквизит на снимањето на филм во Ново Мексико.
Тој ненамерно ја уби директорката на фотографија Халин Хачинс, а го рани и режисерот Џоел Соуза, соопшто полицијата.
Инцидентот се случил за време на снимањето на филмот „Rust.“
Хачинс починала во болница од здобиените повреди, додека состојбата на 48-годишниот Соуза не е позната. Локалните медиуми објавија дека Болдвин плачел пред канцеларијата на шерифот, при што не успеале да добијат изјава од него.