Категории

Алекс е првиот антарктички пингвин за кого научниците се бореа пет години

(ВИДЕО) Тој е принц Алекс! Запознајте го првиот Антарктички пингвин.


Првиот пингвин од Антарктикот кој беше роден надвор од природната средина беше претставен пред јавноста во главниот град на Мексико. Ова бебе пингвин се роди по петгодишен напор на научниците. Тој брзо стана миленик на сите работници во локалниот аквариум кои му го дадоа името Алекс. Вработените во аквариумот го нарекуваат и Принц. Тие го хранат со деликатеси од риба специјално доставени од Канада.

Во моментов има нешто повеќе од еден месец и тежи скоро килограм и половина”, велат во зоолошката градина. Вработените велат дека за малиот Алекс се подготвени само најдобрите услови. Водата во која се нурка се филтрира дури 45 пати на ден.
„Имаме и филтри за воздух и секогаш ја одржуваме температурата на водата на оптимални 6 степени за него“, посочуваат во зоолошката градина. Овој вид пингвин инаку се нарекува вистински крал на нуркањето – може да достигне брзина од 10 метри во секунда и да се нурне до длабочина од 200 метри.

 

Прегледи:
700
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
19.01.2021