После 2 години врска, Алекс Родригез и Џенифер Лопез во Март оваа година ја објавија својата свршувачка додека беа на одмор на Бахамите.
Парот исто така сподели дека после прекрасните мигови споделени заедно, тоа било одлична можност нивните деца подобро да се спријател. Имено, двајцата имаат деца од своите претходни бракови со претходните партнери.
Родригез и Лопез споделија дека нивната врска почнала сосема спонтано. Тие се сретнале во 2017 година сосема случајно на забава и почнале да се состануваат. Бејзбол легендата Алекс Родригез откри дека ја „прогонувал“ Џенифер уште откако таа го снимила филмот Shades of Blue пред точно 20 години.
Тој исто така сподели дека прв пат ја сретнал Џенифер во текот на ’90тите кога таа му потпишала и автограм кој Алекс сеуште го чува и неодамна го сподели и на своите социјални мрежи со наслов „Присетување на мигот пред 20 години кога една глобална музичка ѕвезда потпиша автограм на еден млад безбол играч.“
Безбол ѕвездата откри дека во неколку наврати претходно и се додворувал на познатата пеачка но таа во тоа време била во врска со неколку години помладото момче – танчер од нејзината екипа.