Категории

Алжирски модел кој стана популарен поради сличноста со Роналдо

Веруваме дека барем еднаш во животот сте налетале на прекрасното лице и тело на овој манекен, но можеби не сте го знаеле неговото име.

Тој се вика Јунес Бенџима, има само 23 години, а неговиот егзотичен изглед привлече бројни жени ширум светот на неговиот Инстаграм профил, но и славната манекенка и поранешен ангел на “Victoria’s Secret” Џордан Дан, со која е во врска во последниве неколку месеци.

Парот се запознал во мај 2015 година на забавата после МЕТ гала вечерата, а својата љубов не ја кријат, па често објавуваат романтични фотки на социјалните мрежи.

Јунес е инаку поранешен боксер, а денес многу успешен манекен, со потекло од Алжир.

2

Згодниот манекен беше “откриен” во 2011 година, а моментално живее на релација Њујорк – Париз. Токму на улиците на “градот кој никогаш не спие” бил забележан, а стана популарен поради својата сличност со фудбалерот Кристијано Роналдо.

Инаку, тој е познат и по своето блиско пријателство со пејачката Рита Ора, која му беше партнерка на МЕТ Гала вечерта, каде ја запозна 25 годишната Џордан.

3

Досега ги носеше моделите на бројни познати модни куќи, како на пример Мисони и Живанши, а веруваме дека ќе го гледаме овој убавец уште повеќе во иднина.

4

5

Прегледи:
682
Објавено на:
12.06.2016