Амал и Џорџ Клуни пред повеќе од една година станаа родители на близнаците Александар и Ела кои успешно ги криеја од очите на јавноста.
На доделувањето на наградата „Global Citizen of the Year“, Амал Клуни е снимена на излегување од Хотелот во Њујорк, а нејзиниот моден избор овој пат падна во втор план и тоа поради најубавите „додатоци“ – нејзините две деца кои ги носела во рацете. Малиот Александар многу личи на својот татко, а малата Ела е копија на мајка си.