Категории

Амал се жалеше дека е иритантно, Хари сакаше да пие: Читач од усни ги откри сите детали од свадбата на годината

Иако невестата Меган Маркл навистина беше сама, единствено нејзината мајка дојде на кралската венчавка, таа беше похрабра и помирна за време на церемонијата. Британски „Дејли мејл“ побара од Тери Ринеја, професионален „читач на усни“ да открие за што се шушкаше за време на свадбата.

Додека познатите сватови се собираа, Тери веднаш ја фати Амал Клуни како вели:

„О, колку е слатко“ и „Колку иритантно“, но не знае за што тоа се однесувало.

Додека принцовите Вилијам и Хари одеа накај црквата, Вилијам се пожали дека нешто му е претесно, мислејќи на панталоните или на чевлите.

Во црквата Хари го испитувал брат му „дали дошла“, а постариот одбрат одговори: „Не, се уште. Всушност не знам“.

Помладиот брат предложи да станат кога дојде мајката на невестата, Дориа Рагланд.

„Би сакал да ја видам Меган пред да седнам“, рече Хари.

И кога татко му Чарлс ја предаде невестата, младоженецот се заблагодари:

„Ти благодарам, тато“, „Изгледаш преубаво, ми недостасуваше“, ова беше се што тогаш кажа младиот принц.

По церемонијата, на скалите, Меган го праша дали сега е време да се бакнат, а неговата баба, кралицата Елизабета, на својот сопруг му нареди:

„Продолжи да мавташ“

Мајката на невестата во истовреме му кажа на принцот Чарлс дека венчавката била „совршена“, додека Меган во кочијата кажа:

„Ова беше многу забавно.“

Неколку моменти покасно, додека кочијата поминуваше покрај собраните луѓе, Хари искоментира:

„Сега сум подготвен за пиење“.

Експерт за говор на телото изјави дека Меган била посилна за време на венчавката и оти за време на церемонијата го смирувала својот сопруг.

-Иако нејзе ова искуство и е потполно ново, не покажа ниту еден знак на нервоза, вели експертот Џуди Џејмс.

https://www.youtube.com/watch?v=yZG0wggoEqI

Прегледи:
395
Објавено на:
21.05.2018