Категории

Amazon Echo Show звучниците достапни и во црвена боја

Американската компанија Amazon произведе црвена верзија на звучниците Echo Show, со цел да придонесе во борбата против сидата.

Црвениот Echo Show звучник е идентичен со црниот, сивиот и металниот. Единственаta разлика е тоа што Amazon за секој продаден црвен звучник ќе донира по 10 долари за хуманитарни цели.

Паметните звучници на Amazon Echo се инспирирани од вселенскиот брод Enterprise од Star Wars. Со помош на гласовниот асистент Алексеј, Echo звучникот може да врши бројни кориснички задачи, како што е потсетување на важни обврски и датуми, читање вести, проверка на времето, навигација.

Еcho звучниците се достапни во речиси сите технолошки продавници, а исто така може да се нарачаат преку интернет по цена од 150 долари. Исто така, звучниците наскоро ќе се најдат и на полиците на продавниците.

Прегледи:
532
Објавено на:
21.11.2017