Категории

Амазон ќе гради воздушни магацини

Компанијата Амазон предаде патент за лебедечки магацини во кои би ги чувал производите за достава кои би служеле како бази за полетување на дронови.

Патентот бил предаден уште пред две години, но за него стручњаците за технологија дознале дури во средата.

Според документите, дроновите кои ќе тргнуваат од таканаречените воздушни дистрибутивни центри(Airborne Fulfillment Centers, AFCs), би користеле многу помалку енергија од оние кои полетуваат од земја.

Магацините би лебделе на висина од 13.700 метри, а производите до нив би се доставувале со ракетоплани или помали воздушни бродови.

Амазон и претходно најави планови за револуција во системите за достава преку користење на дронови.

Прегледи:
401
Објавено на:
30.12.2016