Американската платформа за легално онлајн емитување на филмови и телевизиски серии „Нетфликс“ нуди работа од соништата, пишува „Фигаро“.
Имено, огласот е наменет за аматерски фотографи кои сакаат да патуваат низ светот и имаат слободно време.
„Нетфликс“ нуди 4.000 долари за двонеделна мисија, која се состои од тоа аматерските фотографи да посетат место во светот на кои се снимени популарни серии. Компанијата ги покрива сите трошоци за патниците.
Кандидатите треба да објават по три свои фотографии под хаштагот „#grammasters3“ на Инстаграм и „Нетфликс“ ќе го направи својот избор.
Крајниот рок за објава на фотографии е 6 март, по што ќе се одберат 25 финалисти кои ќе бидат објавени до 11 март.