Категории

Анџелина Џоли божествена на премиерата на “Maleficient 2”

Анџелина Џоли деновиве го промовира својот најнов филм, второто продолжение од Дизниевата бајка за заспаната убавица насловен како „Maleficient – Mistress of Evil“.

Анџелина отпатува во Јапонија заедно со своите деца на премиерата на филмот.
Актерката изгледаше божествено во лускузна креација во златна боја од ексклузивната колекција на Ralph & Russo.
На премиерата на филмот, оскаровката беше придружувана од своите деца Захара и Медокс Медокс кој неодамна замина на колеџ во Јужна Кореа и допатува во Токио специјално за свеченоста како поддршка на својата мајка.

Анџелина со широка насмевка одговараше на сите прашања на новинарите, и притоа откри изненадување на бројни фанови дека приказната за Злорада и принцезата Аурора не завршува тука, и голема е веројатноста да следи и трето продолжение.