Категории

Анџелина Џоли испрати силна порака до сите жени

(ВИДЕО) Во склоп на своите задолженија во Обединетите нации, но и по повод кампањата „16 Денови активизам“, Анџелина Џоли испрати порака до сите жени кои стравуваат дека би можеле да станат жртви на злоставување, порачувајќи дека секоја жена треба да разговара за своите проблеми со оние на кои им верува, како и дека треба да пронаоѓа такви кои би и помогнале во секоја ситуација.

„На пример, со пријател или член од семејството би можеле да договорите кој збор би можел да биде шифра, кога ќе го изговорите тоа да им даде до знаење дека ви треба помош“, вели Џоли.

Како што вели, тажно е тоа што, пријателите и семејството не секогаш им веруваат на жртвите и не ги поддржуваат.
Поради тоа холивудската актерка им даде совет на сите особи кои се злоставувани да се обратат за помош:

„Пробајте да ги сфатите емоционалните, финансиските и правните притисоци со кои тие личности се соочуваат, како и дека е доста веројатно да имаат проживеано трауми или патат од ПТСП. Ако некогаш сте помислиле дека некој ваш близок има таков проблем, пробајте да им бидете на дофат на раката секогаш, дајте им до знаење дека сте тука за нив“, вели Џоли.