Категории

Анџелина Џоли, отворено по разводот: Луѓето кои ги губиш сепак остануваат дел од тебе

Неколку недели по веста за разводот од Бред Пит, заради се уште неразјаснети причини, Анџелина Џоли го отвори срцето…

Краткото писмо споделено на Фејсбук открива една ранлива страна на Џоли, по разделбата од нејзиниот долгогодишен животен партнер:

Еден ден, ќе се соочиш со реалноста на загубата.

Како што животот оди понатаму, деновите стануваат ноќи, ќе ти стане јасно дека никогаш нема да престане да ти недостасува таа посебна личност, само ќе научиш да живееш со огромната дупка заради нејзиното отсуство.

Кога ќе изгубиш некој без кој не можеш да си го замислиш животот, срцето ти се крши и отвора, и лошите вести се што никогаш комплетно нема да ја надминеш таа загуба. Никогаш нема да ги заборавиш.

Како и да е, на некој спротивен начин, ова е и добра вест. Тие ќе живеат во топлината на твоето скршено срце кое нема никогаш целосно да се состави, но ти ќе продолжиш да растеш и да го искусуваш животот, дури и со раната.

Тоа е нешто како скршен зглоб кој никогаш нема совршено да заздрави и ќе продолжи да боли кога ќе танцуваш. И понатаму ќе танцуваш со мало куцање, а тоа куцање ќе му додаде тежина на твојот перформанс и автентичност на твојот карактер.

Луѓето кои ги губиш остануваат дел од тебе. Запамети ги и секогаш цени ги убавите моменти поминати со нив.

Прегледи:
332
Објавено на:
26.10.2016